Феникс Санс го отпушти тренерот Вогел

47

Феникс имаше ветувачка регуларна сезона со 49 победи, но сето тоа падна во втор план поради елиминацијата уште на стартот на НБА плеј-офот против Минесота. Па цехот го плати тренерот Франк Вогел, кој по само една сезона си заминува од клубот.
Вогел со Лејкерс стигна и до титулата во НБА лигата, а работеше и во Орландо и Индијана.
Според американските медиуми, главна цел на Санс ќе биде поранешниот тренер на Милвоки Бакс и Атланта Хокс, Мајк Баденхолзер.

ПретходноПочина Марјан Михајловски, најпрепознатливиот навивач на МЗТ Скопје
СледноДоминик Тим најави повлекување од тенисот