Екс-тренерот на Челзи одбил да го води Ајакс – чекал подобра понуда

78

Грем Потер не се прослави на кормилото на Челзи, па поради лошите резултати беше отпуштен. Тој е без работа од април 2023 година, а како што пишуваат англиските медиуми пред неколку недели одбил да биде прв тренер на поранешниот европски шампион Ајакс. Потер уште пред почетокот на сезоната го одбил Ајакс, но холандскиот гигант повторно седнал да преговара со него меѓутоа не нашле заеднички јазик.
Според зборовите на главниот фудбалски дописник на talkSPORT, Алекс Крук, тренерот не бил премногу заинтересиран за тренерската позиција во Амстердам, туку чека понуда од Англија.
Неофицијално се зборува дека би можел да го наследи Тен Хаг на кормилото на Манчестер Јунајтед. Инаку Потер пред да дојде во Челзи имаше успешен период во Брајтон, а работеше и во Свонси и шведски Остерсунд.

ПретходноШампион со Бостон заврши зад решетки поради милионска измама
СледноПСВ купи фудбалер од Баерн