Шампион со Бостон заврши зад решетки поради милионска измама

150

Поранешниот НБА шампион, Глен Дејвис, е осуден од страна на федералниот судија на 40 месеци затвор, три години условна казна и 80.000 долари поради поднесување на лажни медицински извештаи.
Дејвис и уште 20 луѓе извршиле измама со здравствено осигурување за играчи од НБА лигата и членови на фамилијата во износ од преку пет милиони долари во шема која траела најмалку четири години. Тие набавувале лажни медицински извештаи и врз основа на истите барале пари од осигурување.
Дејвис со Бостон во 2008 година ја освои НБА лигата.
Да потсетиме поради оваа измама Теренс Вилијамс минатата година беше осуден на десет години затвор.

ПретходноЃорческа ќе игра во квалификациите на Ролан Гарос
СледноЕкс-тренерот на Челзи одбил да го води Ајакс – чекал подобра понуда