На најубав можен начин, најсладок, блескаво, убаво и квалитетно. Ете така денеска Струга ТЛ уште еднаш потврди дека никој ништо не и може во мак – фудбалот, уште еднаш потврди дека втора година во низа се нај, нај клуб во Македонија.
Ибраими, Радески и останатите предводени од тренерот Меритон Гега кој на чудесен начин ја дигна екипата, покажаа дека заслужено се шампиони по вторпат откако на фантастичен начин ја победија Шкендија попладнево во Тетово.
И кога ќе се освои титула на таков начин тогаш јасно е дека следува големо славје, а вечерва градот Струга “гори“ во чест на втората титула. Играчите и стручниот штаб некаде околу 22:30 часот пристигнаа во градот каде што беа пречекани од фановите кои направија супер атмосфера.