Мартин Серафимов е еден од оние ракометари кои синоќа имаа блескав настап во националниот дрес. Десниот бек на Алкалоид одлично ги искористи своите минути на теренот, имаше важни голови во моментите кога Македонија ја градеше и ја одржуваше позитивата за пласман на Светското првенство 2025 година.
Серафимов мечот го заврши со пет гола од шест обиди, и беше еден од најефикасните во нашите редови. Овој 24-годишен ракометар уште еднаш потврди дека неговото место е меѓу најдобрите во оваа нова генерација на македонската ракометна репрезентација.
По победата над Фраски Острови од осум гола разлика, тој откри дека сите во тимот верувале во ваква победа и пласман на Мундијалот.
„Лазаров веруваше во нас и после тој пораз на гостински терен. Мотивацијата не изостана, сите од прв до последен верувавме во она што го работиме, верувавме дека можеме да дојдеме до оваа победа. Кога излеговме на терен, која ја видовме салата полна, самодовербата се зголеми. Не може да не одиграш ваков меч пред таква атмосфера, им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат, им благодарам на сите што навиваа цели 60 минути, не носеа на овој важен меч. Пресреќен сум што се пласиравме на Светското првенство“, ни изјави по дуелот Серафимов.