Пионери на Алкалоид се шампиони на Македонија, откако во финалето на Ф4-турнирот славеа над домаќинот ГРК Охрид со 22:19.
Најдобар стрелец во редовите на Алкалоид Бобан Попоски со шест постигнати гола, додека Максим Гарбески и Дамјан Богоевски погодија по четири пати.
По завршување на финалето беше прогласен и најкорискиот ракометар, и секако тој доаѓа од редовите на шампионот, станува збор за Бобан Поповски. Додек пак во идеалниот тим се најдоа дури тројца ракометари: Ѓорѓи Николовски (голман), Давид Костовски (десен бек) и Бобан Поповски (десно крило).