Кошаркарите на Бостон Селтикс се првите финалисти на Истокот. Во петтиот полуфинален натпревар го совладаа ослабениот Кливленд со 113:98 за 4-1 во серијата. Далас Маверикс се на пат кон полуфиналето на Западот по вечерашната победа против Оклахома Сити од 104:92 води со 3-2.
Џејсон Тејтум постигна 25 поени, имаше 10 скока и девет асистенции, а Ал Хорфорд додаде 22 поени, заедно со 15 скока, пет асистенции и три блокади за Селтикси, на кои работата им беше олеснета со неиграњето на Донован Мичел, најголемата ѕвезда на Кавси. .Тој го пропушти и четвртиот натпревар поради повреда на потколеницата на левата нога. На овој натпревар Кавси добија најмногу од Еван Мобли (33 поени, седум скока) и Маркус Морис (25).
Бостон во конференциското финале ќе игра против победникот од серијата меѓу Њујорк Никс и Индијана Пејсерс. Моменталниот резултат е 3:2 за Њујорк.
Предводени од Лука Дончиќ, Далас Маверикс стигнаа на чекор до финалето на конференцијата, откако ја совладаа Оклахома со 104:92 за 3-2 во серијата.
Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл од 31 поен, 10 скока и 11 асистенции, а Дерик Џонс Јуниор додаде 19. Кај Тандер Шај Гилџеус-Александер мечот го заврши со 30 поени, шест скока и осум асистенции.