Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 3:2 на „Олд Трафорд“ во последниот натпревар од 34. коло на англиската Премиер-лига. Со ова овие две екипи се изедначија во бодови во рангирањето, на седмото и осмото место.
По натпреварот, Ерик тен Хаг, тренерот на Јунајтед, го зеде микрофонот и им се обрати на навивачите.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката во текот на оваа сезона. Не беше лесна сезона. Една работа беше постојана, а тоа е вашата поддршка. Но, не е готово сепак, прво ќе одиме во Брајтон, а потоа на Вембли, овие играчи ќе дадат сè за да го освојат пехарот и да го донесат трофејот на „Олд Трафорд“.
Јунајтед разочара во првенството, но има шанса да го освои ФА Купот на 25 мај. Натпревар на Вембли против Манчестер Сити. Тимот на Ерик тен Хаг ќе заврши на седмото или осмото место во шампионатот.
🔴 Erik ten Hag: “You are the best supporters in the world. Thanks for your support”.
“I promise you that those players will give EVERYTHING to get the Cup and bring it to Old Trafford”.pic.twitter.com/TJI8Wk4wTb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 15, 2024