Алкалоид има сезона за паметење, ги победи двата најсилни тимови во македонскиот шампионат, Вардар и Пелистер, и го освои Купот на Македонија. Ова е прв пехар за младиот состав на Кирил Лазаров од своето постоење и истиот е сосема заслужен.
Веднаш по завршување на финалето беа доделени индивидуалните признанија: Богдан Радивојевиќ најдобар стрелец, Иван Галевски најдобар голман, МВП за Филип Кузмановски.