Димитријевиќ: Сезоната не заврши како што планиравме

195

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ не успеа да ја освои титулата во ВТБ Лигата. Во финалната серија, неговиот УНИКС Казан загуби со 4:1 од екипата на ЦСКА (М).

„УНИКС не ја заврши сезоната како што беше планирано, така што сите сме малку тажни. Вложивме максимални напори да ја одбраниме шампионската титула, но, за жал, тоа не беше доволно. Би сакале да им се заблагодариме на нашите верни фанови за поддршката во текот на целата година“, изјави Димитријевиќ за клупскиот веб-сајт.

За него ова веројатно беа и последните натпревари во дресот на рускиот тим, затоа што според сите шпекулации следната сезона Нено ќе игра во Италија.

ПретходноТрајковски утре прв на ЕП во Рим: Ќе дадам се од себе гордо да ја претставам Македонија
СледноШампионот го претстави новото засилување на голманската позиција