Се исполни најголемата желба на Лука Модриќ

3658

До пред неколку месеци се чинеше незамисливо Модриќ да продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид и во следната натпреварувачка година, но Хрватот успеа да ги сврти работите во свои раце.

Легендарниот играч за врска доби уште една година од договорот со Реал и може да се каже дека на некој начин ја исполни својата најголема желба откако постојано изјавуваше дека сака да остане меѓу “кралевите“.

Нешто по полноќ, веста ја откри Фабрцио Романо, кој ги донесе деталите дека освојувачот на Златната топка потпишал на уште една година со новиот европски првак.

„Модриќ потпиша нов договор кој е со важност до јуни 2025 година. Реал Мадрид штотуку го потпиша на нивна страна. Решен е, запечатен, завршен. Модриќ останува уште една сезона“, изјави Италијанецот.

Продолжувањето на договорот со Реал на некој начин е болен удар за навивачите на Динамо, кои се надеваа дека во новата сезона можат да го гледаат Модриќ на Максимир.

Сега Модриќ може целосно да се фокусира на настапите на ЕП со репрезентацијата на Хрватска, што може да биде последно големо натпреварување во богатата кариера.

ПретходноБум: Атлетико Мадрид тргнува по ѕвездата на Сити!
СледноМурињо веднаш се фати за работа, првото големо засилување доаѓа од Реал