Македонскиот првак Струга Трим Лум донесе ново засилување на голманската позиција. Денеска стружани го претставија Филип Дујмовиќ како нов чувар намрежата во пресрет на новата сезона и новите европски предизвици.
25-годишниот Дујмовиќ е поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина во младинската репрезентација до 21 година, а во Струга доаѓа од екипата на Железничар Сараево за која бранеше во втората полуетапа од штотуку завршената сезона.
Минатата сезона Дујмовиќ ја започна како играч на Динамо Букурешт, а претходно настапуваше во Србија во екипите на Раднички Ниш и Спартак.















