27-годишниот германски тенисер Александер Зверев по четврти пат ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос откако во четвртфиналето го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6:4, 7:6(5), 6:4.
Зверев пред оваа година играше во полуфиналето во Париз во 2021, 2022 и 2023 година, а во оваа прилика на патот до првото финале во Париз стои Норвежанецот Каспер Руд. Норвешкиот тенисер без борба се пласираше во полуфиналето откако Новак Ѓоковиќ го напушти турнирот поради повреда на десното колено.
Алкараз ќе се бори против Јаник Синер за пласман во финалето на турнирот во Париз.










