Лазаров по успешната сезона: Сакам да апелирам до другите клубовите да не гледаат во нас конкуренти, туку да инвенстираат во млади играчи!

629

Зад Алкалоид е уште една успешна сезона во која во витрините пристигнаа четири трофеи. Првиот тим го освои Купот на Македонија, на фајнл-фор заавршницата славеше против Вардар 1961 во полуфиналето, додека во финалето го победи Пелистер за прв пехар во сениорска конкуренција.

Кога сме кај првиот тим на Алкалоид, го имаше и првиот европски настап во Европската лига на ЕХФ, каде што беше дел од групната фаза. Во македонската Суперлига се пласираше меѓу најдобрите три тима, со тоа што повторно обезбеди место во Европа за сезоната 2024/25.

Постојаното вложување во младинските категории донесе напредок оваа сезона и нови шампионски одличија во витрините на Алкалоид и на Мулти Есенс. Во младинскиот шампионат Мулти Есенс доминантно го освои пехарот, без ниту еден пораз, а пак, РК Алкалоид стана шампион на Македонија и во кадетска и во пионерска конкуренција.

На денешната прес-конференција по повод успешната сезона пред новинарите зборуваше Кирил Лазаров, тренерот на сениорскиот тим и координатор на струшниот штаб, најави дека клубот ќе продолжи да вложува во иднината на македонскиот ракомет, а на другите тимови им порача да не гледаат на нив како на конкуренти, туку да тргнат по истиот пат, да вложуваат во иднината на овој спорт, кој е број еден во Македонија.

„Клубот е формиран е пред неполни три години, а ние го одбравме потешкиот и вистинскиот пат, но не жалиме затоа, иако се соочуваме со многу препреки. Го одбравме македонскиот пат, инвестираме во македонскиот ракомет, работиме за државата. Се надевам дека во иднина ќе продолжиме по истиот пат, бидејќи македонските конкуренти, Пелистер ја започна со десет до 12 странски засилувања, Вардар имаше осум странски интернационалци, Охрид стигна до бројка над 10 интернационални играчи, Тиквеш, како клуб имаше шест странски засилувања.

Ние како клуб сме со само еден странски играч, успеавме да бидеме рамноправни, и рамо до рамо да се носиме со клубови од овој размер, ние сме благодарни за тоа, само така може да се развива ркометот. Бараме поддршка, бидејќи се соочуваме со големи предизвици.

Лани завршивме на второто место, успеавме да избориме пласман во Европска лига, се испробавме и увидовме дека не сме кадарни да бидеме компететивни и да победуваме секогаш. Но, и покрај силните противниците (Данска, Србија и Шпанија), ние успеавме да ја издвојуваме првата победа и да запишеме бод.

Оваа сезона бевме доминантни (14 победи во исто толку меча) пред да влеземе во плеј-офот. Успеавме да освоиме Куп титула, во неполни 72 чса да ги победиме двата најголеми клубови, Пелистер и Вардар, тоа е голем, успех, знаеме дека сме на добар пат, кој не треба да зборавиме дека ќе биде уште потежок.

Завршивме на третото место, излеговме во Европа, за нас Европскиот Куп е вистинскиот за нас каде се надевам дека ќе бидеме компететивни, знаејќи ги протовниците кои можат да бидат.

Посебно ми е драго, како коориднатор на стручниот штаб, заедно со другите тренери, успеавме да дојде до титула младинска конкуренција, во пионерска и кадетска.  

Сакам да апелирам до другите клубовите да не гледаат како конкуренти во нас, туку да инвенстираат во млади играчи, само така можеме да го одржиме ракометот како број еден спорт во нашата држава“, ова беше само дел од анализата на Лазаров на денешната прес-конференција. 

На крајот Лазаров му се заблагодари на Живко Мукаетов, потенцирајќи дека ваквите луѓе како него кои инвестираат во иднината на македонскиот спорт треба да се мотивираат, а не да се демотивираат. На Македонија и треба човек како што е токму генералниор директор на Алакоид, Мукаетов.

ПретходноАлегри е опција за Милан
СледноАлкалоид им се заблагодари на Кофилоски и Василевски