Шампионот го претстави новото засилување на голманската позиција

1941

Македонскиот првак Струга Трим Лум донесе ново засилување на голманската позиција. Денеска стружани го претставија Филип Дујмовиќ како нов чувар намрежата во пресрет на новата сезона и новите европски предизвици.

25-годишниот Дујмовиќ е поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина во младинската репрезентација до 21 година, а во Струга доаѓа од екипата на Железничар Сараево за која бранеше во втората полуетапа од штотуку завршената сезона.

Минатата сезона Дујмовиќ ја започна како играч на Динамо Букурешт, а претходно настапуваше во Србија во екипите на Раднички Ниш и Спартак.

ПретходноДимитријевиќ: Сезоната не заврши како што планиравме
СледноПознати термините за евро-квалификациите: Грците ги чекаме во „Јане Сандански“