Ѓоргиев: Горди сме на големиот успех во Купот, наша цел е да играме европски ракомет

191

Капитенот на освојувачот на Купот на Македонија, Игор Ѓорѓиев, на завршната прес-конференција оваа сезона, ја истакна важноста на она што Алкалоид го постигна со својот млад тим сезонава.

„Завршуваме една успешна сезона. Нашиот тим сезонава го донесе првиот трофеј во витрините на клубот, тоа е Купот на Македонија, успех на кој посебно сме горди. Игравме и во Европската лига на ЕХФ каде имавме шест квалитетни натпревари со кои стекнавме големо искуство и за нас како млада екипа ќе ни служи многу за наредниот период. Следната сезона повторно ќе играме во Европа, јас како капитен можам да кажам дека сме задоволни од покажаното и нашето издание. Наша главна цел е да играме добар, пред се европски ракомет и со тоа да ја радуваме нашата Македонија. Благодарност до условите кои ни ги овозможи Алкалоид, благодарност до соиграчите кои беа големи професионалци и големи работници. На крајот најмногу сакам да се заблагодарам на нашата публика која неуморно не бодреше цела сезона, со таква поддршка ветуваме борба, залагање и многу поголеми успеси“, изјави Ѓорѓиев.

ПретходноАлкалоид им се заблагодари на Кофилоски и Василевски
СледноФантастично: НБА ги продава медиските права за 76 милијарди долари!