Македонската женска јуниорска репрезентација во овој момент го игра првиот дуел на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Дарко Јанев за противник ја имаат селекцијата на САД и се на добар пат да дојдат до првата победа, на полувремето води со 16-8.
Покрај оваа добра вест од СЦ „Борис Трајковски“ доаѓа и една лоша вест, се повреди Бојана Коцева, која беше изнесена со количка. Засега нема прецизни информации дали станува збор за сериозна повреда, наскоро ќе бидат познати детали.