Германците ја победија Унгарија и се пласираа во осминафиналето

163

Во Штутгарт без изненадување. Домаќинот на Евро шампионатот, Германија ја совлада Унгарија со 2:0 и веќе има шест бодови кои им гарантираат учество во осминафиналето. Во првото коло Германците ја победија Шкотска, сега и Унгарија и се на чело на табелата.

Во првото полувреме Германците подобри на теренот, а Унгарците повремено се закануваат. Голот го постигна Мусиала во 22 минута. ГОЛОТ НА МУСИАЛА ОВДЕ
Ја затресоа Унгарците мрежата во 45 минута, но голот на Салаи не беше признат поради офсајд.
Имаа Унгарците уште една шанса во првиот гол, но Мануел Ноер го одбрани шутот од слободен удар на Собослаи.

Вториот дел почна со шанса за Унгарија, а Варга со глава ја префрли пречката. Во 67 минута радост на „Панцерите“. Погоди Илкај Гундоган во 67 минута. Мителшат од левата страна одигра повратна топка за Гундоган кој погоди со левата нога.
Тој резултат остана до крајот и почна славењето во Германија.

ГОЛОТ НА ГУНДОГАН НА ОВОЈ ЛИНК

Standings provided by Sofascore
ПретходноЏимшити: Ќе ја изнервираме Шпанија
СледноТенисерите загубија од Црна Гора во првото коло од Дејвис купот