Откако вчера нашите евро претставници за сезоната 2024/25 ги дознаа своите ривали во првите кола во квалификациите во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции, денеска ќе се одржи и ждрепката за можноте ривали во второто коло, се разбира ако го минат првото.
Ждрепката за ЛШ ќе се одржи денеска од 12 часот во Нион а ова е скратениот список на клубови кои се можни ривали на нашиот шампион Струга ТЛ ако го мине Слован.
Во случај шампионот да биде елиминиран од тимот од Словачка, тогаш за 2.квалификациско коло во ЛК ова се можните ривали. Еден од поразените во 1.квалификациско коло во ЛШ.Оваа ждрепка ќе се одржи во 14 часот.
Тиквеш ако ја мине првата пречка, тимот на Бреидаблик, за следната фаза може да добие еден од овие ривали.
Исто и Шкендија, ако тетовци ја минат екипата на Ноах тогаш за 2.квалификациско коло би можеле да се паднат со една од овие екипи.