Египетски репрезентативец почина на 31 година

265

Ахмед Рефаат, фудбалер на египетскиот прволигаш Модерн Фјучр, воедно и египетски репрезентивец, почина во болница на 31-годишна возраст. Во последните месеци тој имаше проблеми со срцето, откако доживеал срцев удар на терен.

Клубот ја објави веста со белешка од лекарскиот тим што го лекуваше Ахмед. Срцето на фудбалерот ненадејно престанало да чука во раните утрински часови денеска.

Минатиот март Ахмед Рефаат доживеа срцев удар на терен за време на натпреварот против Ал-Итихад а и беше во кома 9 дена. Потоа третманите и бавниот процес на опоравување кој продолжи даваа позитивни сигнали за негово закрепнување. Сепак, во последните неколку часа пристигна тажната вест го вознемири целиот фудбалски свет.

ПретходноМартин и оваа година победник на спринтот на „Заксенринг“
СледноБаерн ги распродаде сите места на „Алијанц Арената“ за новата сезона