Поранешниот младински македонски репрезентативец, Стефан Атанасовски, кариерата ќе ја продолжи во косовскиот шампион Раховец. Атанасовски во овој тим доаѓа по една сезона мината во Куманово, а ќе соработува со македонскиот стратег Горан Андоновски.
Тој во својата кариера има настапувано за Вардар, а има искуство и во Катар и Саудиска Арабија.
„Среќен сум што ќе бидам дел од шампионот на Косово. Првпат ќе заиграм во ова првенство и полн сум со ентузијазам. Се познавам со Виктор Алонсо кој ми беше соиграч во Вардар, а го познавам и тренерот Горан Андоновски. Ќе дадам максимум за да ја одбраниме титулата во следната сезона и да го освоиме Купот“, изјави Атанасовски по потписот.