Марио Младеновски кариерата ќе ја продолжи во странство, откако ја прифати понудата на Вараждин. Тој во редовите на хрватскиот тим доаѓа од тимот на Шкупи.
Младеновски не е единствениот македонски интернационалец во Вараждин, таму заедно ќе игра со репрезентативецот, Димитар Митровски.
Марио кариерата ја почна во Вардар, а беше дел од Фремад Амагер, Ботев и Македонија ЃП.










