Мбапе на ЕУРО: Упати 24 удари и не постигна ниту еден гол од игра!

62

Килијан Мбапе, веројатно најдобриот фудбалер во моментов во светот, имаше очајно издание на ова ЕУРО 2024. Веројатно тоа беше една од причините што играта на Франција беше очајнаи тоа дека беше елиминирана од Шпанија во полуфиналето.

Инаку кога станува збор за бројките тие не лажат, според нив може да се анализира тоа во каква форма беше новата „ѕвезда“ на Реал Мадрид.

Имено тој упати 24 удари кон голот на противничките екипи и не успеа да постигне ниту еден гол од игра. Успеа да ја затресе мрежата само од пенал. Имаше и пет асистенции, но тоа е премалку за еден таков играч како што е Мбапе.

Веројатно повредата на носот и носењето на маската беше голем проблем за Килијан.

ПретходноПешиќ: Немојте да се “палите“ премногу, немојте да го “палите“ народот!
СледноРеал Мадрид официјално објави дека промоцијата на Мбапе ќе се одржи на 16 јули! (ФОТО)