Скопје- Загреб – Раденци: Вардар во Словенија ќе ја одработи најважната фаза од подготовките!

536

Сега се е полесно, кога се има сериозен спонзор. Конечно Вардар замина на подготовки и тоа во Словенија, каде ќе ја одработи најважната фаза.

Покрај вообичаените тренинзи секако дека тимот на стратегот Горазд Михаилов ќе одигра и неколку пријателски средби во тренинг базата во Раденци каде ќе биде сместен.

Вардаровата експедиција по завршувањето на првиот дел од подготовките, денес во 16:00ч ќе полета кон Загреб, од каде што ќе се упати кон финалната дестинација – градот Раденци, во Р. Словенија. 

Во градот сместен во североисточниот дел на Словенија, кој изобилува со својата прекрасна природа, нашата екипа ќе го одработи главниот дел на летните подготовки, пред почетокот на новата фудбалска сезона.

Одличните услови за тренинг и релаксација, кои покрај самиот град ги нуди и врвно рангираниот хотел ,,Радин”, кој со години важи за една од најдобрите бази за подготовка во регионот, надалеку препознаен по своите квалитетни услови, веруваме дека ќе допринесат кон подобро воигрување на екипата, како на физички така и на тактички план.

Екипата во  ќе престојува до 27.07.2024, а покрај самиот процес на тренинзи и воигрување, ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари, кои секако ќе допринесат кон подобро усовршување на тимот.“ се вели во соопштението на Вардар.

ПретходноРеал Мадрид официјално објави дека промоцијата на Мбапе ќе се одржи на 16 јули! (ФОТО)
СледноФК Вардар ја пријави Арената како стадион каде ќе ги игра натпреварите како домаќин!