Тадиќ се откажа од репрезентацијата на Србија

637

Душан Тадиќ повеќе нема да игра за фудбалската репрезентација на Србија.

Како што објавија српските медиуми, српската фудбалска репрезентација во иднина ќе остане без својот досегашен капитен.

„Засега официјално не се познати причините, но може да се претпостави дека се работи за јавните критики на одлуките на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси, кој не го стави во првиот состав за натпреварот против Англија, а потоа и за решавачкиот меч со Данска“, пишува порталот Телеграф.

Тадиќ и Писки имаа ситуација пред почетокот на ЕП 2024, кога српскиот селектор го остави надвор од стартниот тим против Англија, поради што фудбалерот на Фенербахче јавно реагираше видно незадоволен од таа одлука.

ПретходноОчекуван пораз во Словенија: Фудбалерките завршија како трети во квалификациите (ФОТО)
СледноМората се збогуваше со Атлетико (М), утре лета за Милано