Рики Рубио му кажа „Да“ на Хувентуд, по 15 години се враќа дома

98

Шпанскиот кошаркарски ветеран Рики Рубио му рече „да“ на Хувентуд. Како што пишува весникот „Марка“, Рубио ја прифатил понудата од неговиот некогашен клуб и по 15 години ќе с еврати во дресот на „зелено-црните“.

Рубио, кој го заврши договорот со Барса на 30 јуни не беше вклучен во списокот со право на првенствено купување, па секој тим можеше да преговара со него без никакво ограничување.

Тој ги почна преговорите со Хувентуд уште минатиот месец, а по неколку состаноци со управниот одбор и сопствениците, во наредните денови ќе потпише договор. Рики го напушти Хувентуд во 2009 година за да потпише со Барса, а сега ќе се врати во клубот токму од редовите на Каталонците.

ПретходноДвајца тренери од Аргентина во стручниот штаб на Вардар
СледноДокуметите се подготвени: Варан потпишува двегодишен договор со Комо