Јорданеску ја напушти клупата на Романија

62

Селекторот на романската фудбалска репрезентација Едвард Јорданеску по 2 години си заминува од националниот тим.

Договорот на 46–годишникот истече летово и двете страни одлучија да нема продолжување на истиот. Јорданеску оствари фантастични резултати на клупата на Романија на последното Европско првенство, каде романците играа дури во осминафиналето. Јорданеску и се придружи на репрезентацијата во почетокот на 2022-та година и оттогаш тој ја предводеше Романија на 28 натпревари.

Нов селектор на репрезентацијата би можел да биде поранешниот тренер на Шахтјор, Мирчеа Луческу.

ПретходноВардар поразен на „Максимир“, Динамо покажа зошто е класа (ВИДЕО)
СледноЛШ: Динамо го „растури“ Партизан