Стефан Спировски беше еден од главните протагонисти во денешната победа на Струга Трим Лум против Пјуник во првиот меч од второто елиминациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
„Сепак, задоволни сме, можеби требаше уште подобро да го искористиме домашниот терен, но победа е победа. Имаме уште 90 минути да играме, нормално дека нема да биде лесно, знаеме каков тим не очекува таму. Колективно, или индивидуално, верувам дека ги исполнивме задачите што ни ги даде тренерот, кој, како што рече, денеска можеше да оствариме и уште поубедлива победа, но и еден гол разлика е позитивен резултат пред реваншот“ – изјави Стефан Спировски, кој денеска постигна вистински евро-гол за победа.