Ѓоковиќ со критика до организаторите: Не ги разбирам тие правила

1771

На првиот ден од тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз, Новак Ѓоковиќ од Србија за само 53 минути го победи 36-годишниот австралиски специјалист во двојки Метју Ебден со 6:0, 6:1.

Ебден нема ни пласман во сингл и на турнирот влезе како замена поради горенаведените откажувања.

Ѓоковиќ ги критикуваше организаторите за таа одлука:

„Жал ми е за Ебден, тој не игра сингл. Не ги разбирам правилата дека кога некој ќе откаже, викаат играч од двојките да пополни сингл, и толку многу играчи сонуваат да настапат на Игрите, тоа е несоодветно за турнирот и за гледачите, бидејќи не е на тоа ниво да се зборува во контекст на натпреварувањето“. 

Во второто коло, Ѓоковиќ би можел да игра против легендарниот ривал Рафаел Надал, доколку Шпанецот победи:

„Не сме играле долго време, неколку години. Мислам дека последен пат беше тука, на Ролан Гарос во 2022 година. Имавме епски, спектакуларни натпревари на овој терен“. 

ПретходноМилан го победи Сити, Арсенал подобар од Јунајтед (ВИДЕО)
СледноПешиќ има план за Американците