Шерифовски: Пријатно сум изненаден од поддршката, тоа ми е мотив да продолжам појако да работам

363

Македонски претставник на Летните олимписки игри во Париз, Еди Шерифовски, го заврши настапот во натпреварите во џудо со пораз во првата рунда. Шерифовски загуби со ипон во првиот дуел на Игрите против Бразилецот Гиљерме Шимит, кој ја потврди фаворитската улога.

Им благодарам на сите што ми изразија поддршка овие денови, сите што ме гледаа. Се борев со еден фаворит, не беше се на моја страна денеска, имавме добра тактика физички бев многу спремен, кондициски не се изморив, а и не почувствував дека тој е доминантен. Би рекол Бразилецот беше порасположен за борба. Не загубив од мое невнимание, едноставно тој денеска беше подобар, односно имаше помалку лоши моменти од мене во текот на борбата.

Од утре ќе почнеме да работиме подобро и се надеваме на подобри спортски резултати за брзо време и да ја оправдаме цела оваа поддршка што ја добивме на која сум пријатно изненаден. И затоа сум мотивиран да продолжам појако да работам“, изјави Шерифовски.

ПретходноПознати се стартните состави: Струга ТЛ почнува со Ибраими и Кехинде во нападот, Радески е на клупа!
СледноКер: Тејтум ќе биде прв избор за мечот со Јужен Судан