Речиси 900.000 гледачи ги следеле во живо групите од кошаркарските натпревари на ОИ

175

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) објави дека речиси 900.000 гледачи ги следеле во живо кошаркарските натпревари од групната фаза во машка и женска конкуренција на Олимписките игри во Париз.
Групната фаза се одржа на стадионот „Пјер Мороа“ во Лил, додека елиминациските мечеви ќе се одиграат во салата „Берси“ во Париз.
Вкупно 876.686 гледачи ги следеле во живо 36-те натпревари во машка и женска конкуренција на затворениот стадион во Лил што е 91,8% од вкупниот капацитет. Вкупно 466,053 гледачи ги гледале 18-те натпревари во машка конкуренција што е просек од 25,983 гледачи по меч (94,6% од вкупниот капацитет), додека 410.633 гледачи ги следеле 18-те натпревари во женска конкуренција или во просек 22.813 гледачи по меч (83,4% од вкупниот капацитет).“, соопштија од ФИБА.
Мечот меѓу Франција и Австралија забележал најголема посетеност во женска конкуренција во Европа со 27.193 гледачи.

 

ПретходноФилкруг направи изненадувачки трансфер: Дојдов во голем клуб и најдобра лига на светот
СледноЕвропската шампионка го освои златото на 800 метри