Палестинец го шокираше УФЦ светот со еден од најбрзите нокаути во историјата (ВИДЕО)

70

УФЦ борецот со палестинско потекло, Шон Шараф, приреди една од најголемите сензации некогаш видено во овој спорт синоќа. Тој во борбата со огромниот фаворит и шампиот Габл Стивенсон, одработи нокаут по само дванаесет секунди, што е еден од најбрзите во историјата на овој спорт.

Гледачите во арената во Лос Анџелес не беа ниту седнати на своите седишта, а веќе мораа да го поздрават победникот. Тој пак со еден одмерен и прецизен удар го собори на земја противникот, кој што немаше шанси да се врати.

Инаку Стивенсон е поранешен олимписки шампион во борење и двократен НЦАА шампион на САД. Имаше досега перфектен скор во четири борби.

Од друга страна пак, Шараф имаше досега два пораза од исто толку меча, и овој триумф е прекретница што се вели во неговата кариера.

ПретходноШок за Словенците пред стартот на Лигата на Нациите: Шешко не отпатува на денешното гостување кај Фулам
СледноМитровски блеска за Олимпија, трет гол во серија!(ВИДЕО)