Шок за Словенците пред стартот на Лигата на Нациите: Шешко не отпатува на денешното гостување кај Фулам

117
ФОТО:.facebook.com/manchesterunited/

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, интернационалецот од Словенија, Бенјамин Шешко, нема да биде дел од денешното гостување на неговиот тим против Фулам, во рамките од новото коло од Премиер лигата.

Причината зошто Шешко не се најде во тимот не е позната, но ова секако дека е проблем не само за Јунајтед, туку и за неговиот национален тим.

Како што е познато, Словенија е дел од нашата група во најновото издание од Лигата на Нациите, а ние по дуелот со Швајцарија кој што го играме на домашен терен на 26.09.2026 година три дена подоцна се среќаваме токму со Словенија во Љубљана на стадионот Стожице.

Од наша страна секако дека будно ќе се следи ситуацијата со Шешко, затоа што Словенија со него и без него се две различни репрезентации.

 

ПретходноМиовски од клупа ја гледаше победата на Ренџерс против Селтик (ВИДЕО)
СледноПалестинец го шокираше УФЦ светот со еден од најбрзите нокаути во историјата (ВИДЕО)