Џирона за ЛШ се засили со играч на Барселона

307

Сензацијата од Шпанија, Џирона која ќе дебитира во Лигата на шампионите оваа сезона ги засили своите редови со искусен фудбалер кој дојде од Барселона. Всушност Џирона го врати Ориол Ромеу кој доаѓа на позајмица на една сезона.
Искусниот шпански играч се враќа во Џирона по едногодишна пауза. Тој играше за овој клуб во сезоната 2022/23, па минатата сезона се врати во Барселона, а сега е на позајмица.

Освен Ромеу, ова лето Џирона се засили со напаѓачот Абел Руиз од Брага, потоа централните бекови Ладислав Крејчи од Спарта Прага односно Алехандро Франсез од Сарагоса, Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед, Брајан Гил од Тотенхем и Габриел Мисехој од младинскиот тим на Ајакс.

Клубот го напуштија Артем Довбик кој отиде во Рома за 30,5 милиони евра, Алекс Гарсија го засили Баер Леверкузен за 18 милиони евра, напаѓачот Пау Виктор отиде во Барселона, Алехандер Каљенс во АЕК Атина, Арнау Ортиз во Сласк Вроцлав, Габри Мартинез во Брага и Алекс Сала во Кордоба. Борха Гарсија е без клуб.

ПретходноЛШ – квалификации: Жозе и Фенер со пораз на гостувањето кај Лил!
СледноОва е најголемиот шампион: Кубанецот Лопез испиша историја! (ФОТО)