Седлоски со четворица дебитанти ќе стартува во Лигата на Нации

218

Селекторот на фудбалската репрезенентација на Македонија, Гоце Седлоски, денеска и офивијално го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за дуелите од новото издание на Лигата на Нации.

Истата за нас почнува на 26.09.2026 година со домашниот дуел против репрезентацијата на Швајцарија, за три дена подоцна да се сретнеме со Словенија на гости во Љубљана на стадионот Стожице. Конечно, на 3 октомври одиме во Шкотска.

Селекторот Седлоски за оваа прилика се реши да направи неколку измени што се однесува до пријателските дуели кои ги одигравме во месец јуни против Босна односно Турција на гости. Тогаш се даде шанса на играчи како Деспотовски, Додев, Ангелевски…кои што сега не се на списокот на селекторот. За разлика од нив, премиерен повик добива Матеј Гаштаров, играчот на Црвена Звезда и досегашен член на У21 репрезентацијата на Македонија. Ѓорче Чеков од Силекс, Енес Мелиќи од Шкендија и Христијан Малески од Струга ТЛ исто така добиваат премиерен повик.

 

ПретходноИзраел како потврда на реномето: Најдобрата партија нека биде одјава од Евроволеј 26
СледноСедлоски: Би сакал сите мечеви да ги победиме, но одиме по ред, Швајцарија е прва тема