УЕФА ги објави казните за Родри и Мората!

421

И официјално Мората и Родри, репрезентативците на Шпанија се казнети со по еден меч забрана за играње за својата селекција. Ова денеска го објави Дисциплинската комисија на УЕФА. Причината е јасна, тие на прославата на освоената титула на ЕУРО 2024, во Мадрид пееја – Гибралтар е Шпанија, па следуваше прво покренување на истрага и постапка, а еве денеска се и официјално казнети.

Инаку оваа нивна реакција, која секако дека беше скандалозна, предизвика многу бура, посебно во Гибралтар, а ФС на Гибралтар се жалеше до надлежните во УЕФА.

ПретходноИако ја чека тешка задача Рељиќ не губи надеж: Мотивот е голем, дај боже да стигнеме до медал!
СледноКер: Србија ќе го одигра најдобриот меч против нас!