По голема борба и во драматичен меч од полуфиналето на женскиот одбојкарски турнир, селекцијата на САД со 3:2 во сетови успеа да го победи Бразил и да се пласира во големото финале.
Американките водеа со 1:0 и со 2:1 во сетови, но Бразилките секогаш наоѓаа сила во себе да го стигнат тоа водство и да израмнуваат. Па така мораше да се оди во петтиот и решавачки сет. А таму двете селекции се менуваа во водството, сепак драмата со среќен крај заврши за одбојкарките на САД кои овој сет го добија со 15:11 и тоа беше крај.
Во големото финале САД ќе ги одмери силите со подобрата селекција од второто полуфинале во кое се среќаваат Турција и Италија, овој меч се игра од 20 часот.










