Пари Сен Жермен ќе има нов централен бек во името на Вилијан Пачо, кој доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт. Според информациите во среда вечер тој пристигнал во Париз на завршни преговори и во четврток се очекува да ги помине медицинските тестови и да го официјализира договорот.
Германскиот клуб ќе доби 40 милиони евра плус уште 5 милиони во форма на бонуси.
22-годишниот Пачо е репрезентативец на Еквадор и беше првотимец на Копа Америка оваа година. Ајнтрахт ќе се офајди затоа што минатото лето го купи од Антверпен за 9 милиони евра.










