Светскиот рекордер изгуби свест по страшен пад (ВИДЕО)

575

Светскиот рекордер во стиплчез, Ламеча Гирма од Етиопија, заврши во болница по страотниот пад за време на трката на 3000 метри на Олимпијадата во Париз.

Несреќниот Гирма изгуби контрола и удри со главата во подот и веднаш изгуби свест. Веднаш му беше укажана лекарска помош и со носилки беше изнесен од патеката и пренесен во болница во Париз.


„По неговиот пад на стиплчез на 3000 метри, на Грима веднаш му помогна лекарскиот тим на лице место. Нашите мисли се со него и му посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на лидерот на ОИ.

Според информаиците од таму тој успешно се опоравува.

ПретходноПСЖ се засилува со Еквадорец – за него ќе плати 40 милиони евра
СледноРељиќ и Егоров денеска ќе го имаат својот настап на ЛОИ