Во недела од 17 часот стартува новата сезона во ПМФЛ. Шкупи како домаќин ја пречекува Воска, но за жал за фановите на некогашниот шампион, овој меч нема да се игра на Чаир туку на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.
Ова било поради фактот дека на Чаир теренот се реновира па така Шкупи сезоната ќе ја почне како домаќин на Чаир. Само уште не се знае дефинитовно дали само овој меч чаирчани ќе го играат надвор од својот стадион или пак на неколкуте наредни.
Да потсетиме дека Гостивар оваа сезона како домаќин своите мечеви ќе ги игра на Маџари.















