Одлична трка имаше Синди Меклафлин – Леврон од САД која не само што успеа да го освои златото, туку го урна и светскиот рекорд на 400 метри со пречки на ЛОИ во Париз. Едноставно оваа делница ја истрча фантастично со време 50,37 секунди, а стариот рекорд, кој исто така беше нејзин, изнесуваше 50,65 секунди.
На 110 метри со пречки во машка конкуренција златото го освои Грант Холовеј , пред својот сонародник Робертс.










