ПСЖ се засилува со Еквадорец – за него ќе плати 40 милиони евра

120

Пари Сен Жермен ќе има нов централен бек во името на Вилијан Пачо, кој доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт. Според информациите во среда вечер тој пристигнал во Париз на завршни преговори и во четврток се очекува да ги помине медицинските тестови и да го официјализира договорот.
Германскиот клуб ќе доби 40 милиони евра плус уште 5 милиони во форма на бонуси.
22-годишниот Пачо е репрезентативец на Еквадор и беше првотимец на Копа Америка оваа година. Ајнтрахт ќе се офајди затоа што минатото лето го купи од Антверпен за 9 милиони евра.

 

ПретходноРафаел Надал нема да игра на УС Опен
СледноСветскиот рекордер изгуби свест по страшен пад (ВИДЕО)