Рафаел Надал нема да игра на УС Опен

103

22-кратниот Гренд Слем шампион во сингл, Рафаел Надал откако ја освои последната од неговите четири титули на УС Опен во кариерата во 2019 година, одлучи да се повлече од УС Опен.

„Решив да не се натпреварувам на овогодинешниот УС Опен, место каде што имам прекрасни спомени. Ќе ми недостигаат енергичните вечерни сесии во Њујорк на теренот „Артур Еш“, но мислам дека овојпат нема да можам да дадам 100% од себе. Ви благодарам на сите мои фанови од САД, ќе ми недостигате многу. До скоро видување“, пиша Надал. 

38-годишниот играч одигра само седум турнири оваа година, шест на неговите сакани земјени терени, по сезоната во 2023 година во која ја пропушти речиси цела година како резултат на проблем со колкот. Повредата на мускулот го натера Надал да ја пропушти пролетната сезона на тврда подлога и тој се повлече од Вимблдон во обид да го зачува своето тело за да се натпреварува на Олимписките игри во Париз.

Во неговиот долгоочекуван, и веројатно последен, олимписки настап минатата недела, Надал загуби во второто коло од Новак Ѓоковиќ, 60-тиот дел од нивното легендарно ривалство, а тој и Карлос Алкараз беа поразени во четвртфиналето во двојки.

ПретходноАл Итихад го победи Интер (ВИДЕО)
СледноПСЖ се засилува со Еквадорец – за него ќе плати 40 милиони евра