Македонската репрезентација не успеа да ја оствари посакуваната победа над Грција за уште ова лето да го потврди местото на ЕП 2026 година. Момците на Наковски одиграа извонреден прв сет, но потоа Грција ја потврди фаворитската улога и дојде до посакуваната победа. За нас идното лето останува шансата да се потрудиме да обезбедиме победа на мечот со Грузија и да одиме на изненадување кај Грција на гости, иако и бод на тој меч може да ни донесе место на континенталниот собир.