Димитријевиќ беше дел од спектаклот во Загреб во чест на Дражен Петровиќ

1227

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од Меморијалниот натпревар во Загреб што се одржа во чест на легендарниот Дражен Петровиќ. Вечерва, Нено беше во Тимот на Дражен составен од ѕвездите на Евролигата против репрезентацијата на Хрватска.
Мечот го одбележаа говори на познати тренери и поранешни соиграчи на Петровиќ, натпревар меѓу Хезоња и Муса во шутирање на тројки во кој победи Хезоња, а беше и промовиран филмот за Дражен Петровиќ кој премиерата ќе биде во октомври.
Тимот на Дражен победи со 110:107, a за крај се појави холограм од покојниот Дражен кој со емотивни зборови им се обрати на соиграчите со кои освои сребрен медал на Олимписките игри во Барселона 1992 година.

ПретходноБешикташ се засили со ас на Бенфика
СледноКАНТАларовски за спомен од Амстердам