Напаѓачот на Барселона, Дани Олмо, нема да биде во составот на Шпанија за мечот со Швајцарија денеска, поради ударот што го претрпе во последната фаза од натпреварот со Србија во четвртокот.
Олмо беше заменет со Хоселу во 82-та минута, а имаше загриженост околу состојбата на неговото колено, при што тој денеска воопшто нема да биде дел од составот на Шпанците.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Олмо не се здобил со повреда на коленото, но ударот бил доволен за да го пропушти тренингот на Шпанија вчера. Селекторот Луис де ла Фуенте, официјално не го отфрли Олмо за мечот со Швајцарија, но европскиот шампион најверојатно нема да ризикува кога е во прашање ваква повреда.