Модриќ: Ваков гол немам постигнато уште од времето во Динамо

23677

Лука Модриќ на својот 39. роденден постигна прекрасен гол од слободен удар во 52 минута и донесе победа од 1:0 за Хрватска во дуелот со Полска во Осијек во рамките на Лигата на нациите.
Среќен сум што конечно дадов гол од слободен удар после долго време. Дадов гол од слободен удар и против Словачка, но со помош на противнички играл, но овој ми е прв директен, ако не се лажам уште од времето во Динамо Загреб! Изгледа дека ми лежат слободните удари во Осијек.

Убав гол, но најважна е нашата игра и борбеност. Навивачите беа одлични, не носеа на натпреварот. Кога нема да го решиш мечот, доаѓа нервоза. Моравме да победиме поради самодовербата затоа што имавме четири меча без победа. Можеше и резултатски подобро но и вака е добро“, изјави Модриќ.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноАмерикански бизнисмен ги избркал тренерите затоа што не му давале на неговиот син да игра
СледноСуперкомпјутерот прогнозира: Елмас и Лајпциг во 1/2 финалето во ЛШ, титулата ќе ја освои Манчестер Сити!