У-21: Мора победа над Гибралтар, за да се залечат раните…

332

Денеска во 13 часот на стадионот “Европа Поинт“ на Гибралтар, нашата млада селекција до 21 година ќе ги одмери силите со домашната репрезентација во рамките на квалификациската група – Ц за пласман на ЕП 2025.

Повеќе од јасно е дека по оној срамен пораз од Холандија со 5:0 пред неколку дена, кога нашите младинци не шутнаа на гол, само победа доаѓа в предвид. Се друго ќе биде катастрофа, се друго ќе биде потврда дека оваа селекција под водство на Драган Канатларовски игра ужасно и има ужасни резултати во овие квалификации.

Штета, зошто неспорно е дека има потенцијал во неа, има тука квалитет, но треба да се има и добар селектор за добри резултати а ние во Цапар тоа го немаме.

Судија на овој меч ќе биде Патрик Колариќ од Хрватска.

Вчера младинците го одржаа официјалниот тренинг, има проблеми со повреди, но повеќе од јасно е дека кој и да настапи ќе мора да го даде максимумот за да се дојде до третата победа во текот на овие квалификации.

Денешниот меч со Гибралтар на гости ќе биде осми за нашите младинци, досега имаме две победи и пет порази со негативна гол разлика 3-12 и со само 6 бода сме на претпоследното место во групата. Подобри сме само токму од Гибралтар.

ПретходноСуперкомпјутерот прогнозира: Елмас и Лајпциг во 1/2 финалето во ЛШ, титулата ќе ја освои Манчестер Сити!
СледноАТП листа: Синер на врвот, Ѓоковиќ падна на четвртото место