Иако требаше да биде пријателски, денешниот натпревар меѓу ТФТ и Чаир во СРЦ „Кале“ беше прекинат поради масовна тепачка.
На две минути пред крајот на дуелот, по еден старт на кошаркар на ТФТ, гостите сметале дека е премногу груб по што почнале навреди и од трибините, по што настанала тепачка во која учествувале играчи на ТФТ и навивачи на гостинската екипа.
Од ТФТ потврдија дека настанот е пријавен во МВР и ќе поднесат тужба против напаѓачите.