Енцо Зидан ја заврши фудбалската кариера на 29 години

6363

Енцо Зидан, постариот син на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан стави крај на фудбалската кариера на 29 години. Последниот клуб му беше шпанскиот третолигаш Фуенлабрада.
Сега ќе се посвети на својата фамилија, а притоа ќе се занимава со бизнис и со инвестиции.
Енцо, роден во Бордо, ја почна кариерата во Реал Мадрид и тоа во Ц и Б тимот, но никогаш не заигра за првиот тим. Беше во Алавес, Лозана, Рајо Махадахонда, Авес, Алмерија, Родез и последниот клуб Фуенлабрада.

ПретходноБарселона има нови планови за Де Јонг
Следно„Винисиус е добар играч, но лајно од човек. Реал Мадрид се Реал Имигранти…“